Путин откри дека примил „Спутник В“: Имав темепратура

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска откри дека, по негов избор, ја примил руската вакцината против коронавирус „Спутник В“.

Рускиот претседател, кој денеска одговара на прашања од руските граѓани, кажа дека бил замолен да не кажува која вакцина ја примил за да не создаде конкуренција, но потоа, сепак, призна дека станува збор за вакцината „Спутник В“, што беше развиена од рускиот Инвестициски фонд во соработка со институтот „Гамалеа“.

Оваа руска вакцина беше првата регистрирана вакцина во светот против Ковид-19.

-Донесов одлука да се вакцинирам со „Спутник В“, затоа што нашите вооружени сили се вакцинирани со оваа вакцина, а јас, сепак, сум врховен командант. По приемот на втората компонента од вакцината вечерта имав температура од 37,2 степени, а веќе утрината имав 36,6 степени, откри Путин.

Рускиот претседател додаде дека имунолошкиот тест покажал дека по вакцинирањето кај него има високо ниво на заштита од коронавирус.

Тој, исто така, истакна дека е против задолжителната вакцинација и дека „луѓето по неа се уште се соочуваат со инфекцијата, но дека болеста полесно се поднесува или е без последици“.

-Како што гледаме, кај нас се е во ред. Фала му на Бога, немаме трагични ситуации по вакцинирањето, како на пример по употребата на „АстраЗенека“ или „Фајзер“, рече Путин.

Би можело да ве интересира

Кулеба: Црвените линии на Путин се ограничени на руските граници

А1он

Путин: Ширењето на НАТО кон Украина е преминување на црвената линија

А1он

Путин: САД и НАТО треба да ги сносат трошоците за обновата на Авганистан

Путин: Треба да се работи со талибанската Влада на Авганистан

А1он

Путин со порака од изолација пред изборите: Граѓаните да ја покажат својата љубов кон татковината

А1он

Путин: Десетици луѓе околу мене се болни од Ковид-19

Катерина Павлова-Николовска