Путин: Операцијата на Русија во Украина е успешна

Од:

Рускиот претседател, Владимир Путин денеска изјави дека неговата воена кампања во Украина е успешна и нема да дозволи таа држава да биде „отскочна даска“ што би користела како закана кон Москва.

– Операцијата се одвива успешно и во строга согласност со плановите, истакна Путин за време на владин состанок.

Тој додаде дека Русија нема друг избор освен да испрати војници, „нема да дозволиме Украина да служи како отскочна даска за агресивни дејствија против Русија“.

– Ако Западот мисли дека Русија ќе се повлече, тогаш не ја разбира Русија, нагласи тој на 21-от ден од руската инвазија врз Украина.

Путин, исто така, тврдеше дека држењето на Русија под контрола е долгорочна политика на Западот и дека економските санкции против неговата држава се „кусогледи“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски