Путин: Ограничувањето на цената на руската нафта ќе има тешки последици

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните планови за ограничување на цената на руската нафта ќе имаат „тешки последици“ за енергетските пазари.

„Путин истакна дека таквите акции се против принципите на пазарните односи и многу веројатно ќе доведат до тешки последици за глобалниот енергетски пазар“, соопшти Кремљ по телефонскиот разговор на Путин со ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани.

Изјавата на Путин доаѓа откако министрите за енергетика од Европската унија одржаа вонреден состанок со цел да се спречат економските последици од поскапувањето на гасот предизвикано од руската инвазија на Украина.

Сепак, земјите од ЕУ не успеаја да постигнат договор за нивото на цената на руската нафта, бидејќи предлогот на Групата седум земји (Г7) за лимит од 65-70 долари за барел некои земји го оценија како превисок. додека другите земји го сметаа за премногу ниско.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци