Путин: Не треба да се плашите од Русија

Од:

Европските земји не треба да се плашат од Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

– Идејата дека еден ден Русија би можела да го нападне НАТО е бесмислена и нема никакав основа, вели Путин во интервјуто.

Тој натаму нагласува дека „можеби некој“ има интерес да ги поттикнува ваквите стравувања меѓу европските граѓани.

– Можеби САД сакаат да спречат приближување меѓу Европа и Русија. Сакам да ви кажам дека не треба да се плашите од Русија, нагласува Путин.

Рускиот претседател потенцира дека Русија ги затворила сите свои бази во странство, со изклучок на оние во Таџикистан и Киргистан, кои според него, се важни на антитерористички план, како и во Ерменија, каде руското воено присуство, како што вели, има стабилизирачка улога и не е насочено против никого.

– Од друга страна НАТО се доближува до нашата граница, додава Путин, посочувајќи ги како пример американските подморници во Норвешка, од кои „може да биде истрелана ракета која за само 17 минути може да стигне до Москва“.

– Дали можеби сакате да кажате дека ние сме тиа што се однесуваат агресивно? Ние не се движиме кон никаде, туку инфрастурктурата на НАТО се доближува до нашите граници, нагласува Путин.

Тој натаму во интервјуто посочува дека влошувањето на односите меѓу Русија и САД почнало уште многу пред кризата во Украина, кога „во далечната 2001 година“ тогашниот американски претседател Џорџ Буш донесе одлука за „обнова на проектот за противракетен штит во Европа“.

Друга причина за влошување на руско-американските односи, според Путин, е и одлуката на Буш за еднострано повелкување на САД од договорот за протиракетна одбрана.

– Москва само одговоара на заканите. Тоа го правиме на начин за да ја гарантираме безбедноста на Русија, Никој нека не мисли дека Русија еднострано ќе се разоружа, истакнува Пуитн во интревјуто за „Кориере дела Сера“.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно оружје

Путин: Ќе ги постигнеме сите цели во Украина, вистината е на наша страна

Катерина Ѓуровски

Зеленски за заканите на Путин: Треба да се плаши од употреба на нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Путин: Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја