Путин: Не создаваме воен сојуз со Кина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во телевизиско интервју дека воената соработка на неговата земја со Кина не е создавање на воен сојуз, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

„Тоа е апсолутна лага“, рече рускиот претседател во интервју за ТВ каналот „Россија-24“, на прашањето дали соработката меѓу Москва и Пекинг претставува закана за Западот.

„Не создаваме никаков воен сојуз со Кина. Да, соработуваме и на планот за воено-техничка соработка, не го криеме тоа, но тој е транспарентен, нема ништо тајно во тоа“, рече Путин.

Според него, Москва развива воена соработка со Пекинг, вклучително и заеднички вежби.

„Патем, не соработуваме само со Кина, туку и со други земји. Дури и сега, продолжуваме да го правиме тоа, и покрај развојот на настаните во Донбас, Запорожје и Херсон. Сето ова е транспарентно и не се работи за воен сојуз“, рече Путин, пренесува ТАСС.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив