Путин не смее да победи во оваа војна порачува премиерката на Естонија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин не смее да победи во оваа војна, изјави денеска естонската премиерка Каја Калас, додавајќи дека е вознемирувачки да се види што прави Русија во Украина.

– Се обидуваме да направиме се што можеме за да ја поддржиме и помогнеме Украина да се бори во оваа војна. Путин не смее да победи во оваа војна, истакна Калас за Си Ен Ен.

Премиерката на Естонија, кој ќе присуствува на претстојниот самит на НАТО, рече дека стратегијата на Алијансата треба да се фокусира на завршување на војната со употреба на „паметна воздржаност“, што значи дека НАТО треба да премине од „ставот на одвраќање“ на безбеден став на „одбранбена позиција“.

Како што истакна таа, тоа ќе ги охрабри земјите-членки на НАТО да придонесат за зајакнување на одбраната на секоја нација и конечно на Алијансата во целина и фокусирање на соработката.

– Постојат одредени можности кои се премногу скапи за која било земја, но ако ги направиме заедно овде во Европа за да ги заштитиме нашите територии, ние сме посилни, нагласи Калас, додавајќи дека земјите-членки на НАТО треба да почнат да ја изолираат Русија на сите можни политички нивоа.

На прашањето за предлогот на Полска за испраќање мировници во Украина, Калас одговори дека прво мора да се постигне мир, но Русија не покажува никаква намера да се дојде до тоа.

Таа, исто така, изјави дека не гледа можност за трета светска војна во Европа и дека треба да се направат напори да се стави крај на оваа војна.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија бара од Северна Кореја муниција во замена за храна, тврди САД

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пјонгјанг испраќа 50.000 специјалци да им помогнат на Русите во Украина

ВИДЕО: Радикалните десничари го напуштија австрискиот парламент за време на говорот на Зеленски

Украина призна дека Русите постигнале успех во Бахмут

Катерина Павлова-Николовска

Путин планира да регрутира 400 илја војници тврди бритнското разузнавање

Катерина Павлова-Николовска

Владата донесе одлука да донира хеликоптери на Украина