Путин: Не постои ризик од радијација по експлозиите во Русија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не постои ризик од зголемено ниво на радијација по експлозијата на полигон за воени проби во северна Русија на 8 август, кога загинаа пет лица.

Обраќајќи се пред медиумите заедно со францускиот претседател Емануел Макрон пред билатералната средба, Путин рече дека сите повредени и настрадани во експлозијата ќе добијат државни одликувања.

Тој додаде дека биле преземени сите неопходни мерки на безбедност, нагласувајќи дека не постои ризик од радијација.

Путин пристигна во Франција денеска за да разговара со францускиот колега Емануел Макрон за најголемите кризи во светот, вклучувајќи ги и ситуациите во Украина, Иран и Сирија и да се обиде да ги подобри односите на Москва и ЕУ.

Би можело да ве интересира

На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност

Лавров: Постои опасност студената војна да се претвори во жешка фаза

Кадиров бара руска правда за својот сонародник Муслиман Мурдиев

Руски брод пукал со сигнална муниција кон германски хеликоптер

Горан Наумовски

Роднина на Путин го откри приближниот број на исчезнати руски војници во војната со Украина

(ВИДЕО) Нападната руска база полна со бомбардери

Горан Наумовски