Путин не блефира за нуклеарното оружје вели Борел

Од:

Европската унија мора сериозно да ги сфати заканите на Владимир Путин дека може да користи нуклеарно оружје во конфликтот во Украина изјави за Би-би-си Жозеп Борел кој додава дека војната достигнала „опасен момент“.

dobivaj vesti na viber

Неговите забелешки доаѓаат откако Русија почна делумна мобилизација и се движи кон анексија на четири региони на Украина.

Путин се соочи со неуспеси на бојното поле, при што неговите сили беа потиснати во украинската контраофанзива.

„Секако, тоа е опасен момент бидејќи руската армија е турната во ќош, а реакцијата на Путин – заканата со употреба на нуклеарно оружје – е многу лоша“, рече Борел.

Седум месеци од почетокот на руската инвазија на Украина, аналитичарите се согласуваат дека силите на Путин се во лоша позиција, но Борел вели дека мора да се постигне „дипломатско решение“, кое „го зачувува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.

„Во спротивно, можеме да ја завршиме војната, но нема да имаме мир, а ќе имаме уште една војна“, рече тој.

Во реткото обраќање до нацијата претходно оваа недела, Путин рече дека неговата земја има „различно оружје за уништување“ и дека „ќе ги искористи сите средства што ни се достапни“, додавајќи: „Не блефирам“.

„Кога луѓето велат дека тоа не е блеф, мора да ги сфатите сериозно“, рече Борел.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина подготвува контрамерка против руските намери

А1он

Во изминатите 24 часа девет лица го загубија животот во пожари во станови низ Украина

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска

Руските разузнавачи тврдат дека Полска се подготвува да припои големи делови од Украина

Ана Ололовска

Захарова: НАТО во Букурешт потврди дека не е заинтересиран за политичко и дипломатско решение во Украина

Русите назначија нов шеф на окупираната нуклеарна централа во Украина, последниот беше киднапиран

А1он