Путин: Навални можеби самиот се отрул, Навални: Путин ме надигра

Од:

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални можеби самиот се отрул со новичок, наводно му рекол рускиот претседател Владимир Путин на францускиот претседател Емануел Макрон, пренесе „Ле Монд“.

Путин наводно во телефонски разговор со Макрон на 14 септември рекол дека Навални неколку пати ги „симулирал своите болести“, пренесува „Москва тајмс“.

Навални, кој денеска беше пуштен од болница во Германија, каде се лекуваше од труење, реагираше на наводните тврдења на Путин како нелогични.

– Мојот план беше да зготвам новичок во кујната, да го пијам полека во авион, да умрам и да завршам во мртовечница во Омск, каде што мојата причина за смртта ќе биде наведена како „живеел доволно долго“, напиша Навални на Инстаграм.

Тој додаде иронично: „Путин ме надигра. На крајот, поминав 18 дена во кома како идиот и не го добив тоа што го сакав “.

Би можело да ве интересира

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

Обраќање на Путин: Ќе плати оној кој застана зад терористите

А1он

Навална: Ја одбија жалбата за да не се знаат вистинските околности на неговата смрт

Горан Наумовски

Путин освои над 72 отсто од гласовите во странство

Путин: Русија мора да биде уште посилна, поцврста и поефикасна