Путин нареди божиќно примирје во Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин нареди прекин на огнот во Украина кој ќе трае ден и половина. Тоа е примирје, соопшти денеска Кремљ. Примирјето, кое ќе трае 36 часа, е наредено од Путин со цел да се одбележи Божик, кој православните христијани го слават во сабота, се наведува во соопштението.

Кремљ соопшти дека Путин наредил 36-часовен прекин на огнот на целата линија на фронтот во Украина. Примирјето ќе започне утре напладне по локално време и ќе трае до полноќ на 7. јануари, соопшти Кремљ.

„Имајќи го предвид фактот дека во областа на непријателствата живеат голем број граѓани од православна вероисповед, ја повикуваме украинската страна да прогласи прекин на огнот и да дозволи населението да оди на богослужба на Бадник и Божиќ се вели во изјавата на Путин.

Руските сили мора да го почитуваат 36-часовниот прекин на огнот за да го одбележат православниот Божиќ, се вели во соопштението на Кремљ, кое дојде откако рускиот православен патријарх Кирил претходно денеска повика на Божиќно примирје во Украина.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин