Путин: Нападите ќе престанат кога ќе бидат исполнети сите барања на Москва

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин да прогласи прекин на огнот во Украина, да отвори хуманитарни коридори и да потпише мировен договор, соопшти денеска кабинетот на турскиот претседател.

Во соопштението лиферувано по едночасовниот телефонски разговор, турското претседателство соопшти дека Ердоган му кажал на Путин дека Турција е подготвена да придонесе за мирно решение на конфликтот, додавајќи дека прекинот на огнот ќе ја ублажи загриженоста за хуманитарната ситуација, пренесуваат британските медиуми.

Претседателот Ердоган го повтори својот повик заедно да го отворат патот за мир, соопшти неговиот кабинет.

Путин од своја страна кажал дека операцијата се одвива според планот и распоредот и изрази надеж дека украинските преговарачи ќе имаат конструктивен пристап во разговорите и ќе ја земат предвид ситуацијата на теренот. Путин нагласил дека нападите ќе престанат кога ќе бидат исполнети сите барања на Москва соопшти Кремљ.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ