Путин: Москва ќе соработува со Трамп и покрај сите потешкотии, САД е еден од нашите најважни партнери

Од:

Рускиот претседател Владимир изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е непредвидлив, поради тоа што неговите противници во САД го спречуваат да исполни голем број од неговите предизборни ветувања.

– Неговата непредвидливост не е само врз основа на неговата природа. Втора причина е големиот отпор во земјата, бидејќи го спречуваат да ги реализира предизборните иницијативи. Така што не е во ред да се каже дека е непредвидлив по природа, туку тоа зависи од политичкиот систем на САД.

Тој додаде дека Москва ќе соработува со Трамп и покрај сите потешкотии.

Путин наведе и дека Трамп треба да биде почитуван бидејќи има демократски мандат.

– Тој е избран од американскиот народ и поради тоа треба да се почитува, дури и ако не се согласуваме со некој негов став, посочи Путин на Форумот за меѓународна политика во Сочи, додавајќи дека САД покажуваат непочитување кон Трамп.

Путин потенцира и дека Русија ќе соработува со американските партнери.

– САД се најголема светска и економска сила. За жал, нашата трговија е безначајна, но сеедно, влијанието на САД во светот е многу значајно. Таа земја дефинитивно е еден од нашите најважни партнери. Соработуваме со нив и покрај потешкотиите, под услов дека и тие го сакаат истото. Ако не, тогаш нема да го правиме тоа, наведе Путин.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски