Путин: Ќе ја решиме кризата со храна, доколку Западот ги укине санкциите

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со италијанскиот премиер Марио Драги нагласи дека Москва е подготвена да даде значителен придонес во решавањето на меѓународната криза со храна, но само доколку Западот ги укине санкциите, соопшти Кремљ.

Путин истакна дека Русија е подготвена да извезува жито и вештачко ѓубриво за да се справи со кризата.

Тој, исто така, посочил дека Русија е подготвена да продолжи со непречено снабдување со гас за Италија.

Путин зборуваше за тековните напори за воспоставување мирен живот во ослободените градови Донбас, се наведува во соопштението на Кремљ.

Во соопштението се истакнува и дека Путин детално зборувал за преземените чекори за безбедна пловидбата, секојдневното отворање на хуманитарни коридори за заминување на цивилни бродови од пристаништата во Азовско и во Црно Море.

Кремљ наведува дека Путин во разговорот со Драги „ги изнел и принципиелните оценки за преговарачкиот процес, што Киев го замрзна“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски воен репортер убиен во украинскиот напад со дронови

(ВИДЕО) Украински напад на осум области во Русија: двајца мртви, оштетени трафостаници и рафинерија

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски