Путин ќе го одржи долгоочекуваниот говор

Од:

Русија денеска ја слави 77-годишнината од победата над Хитлерова Германија, а претседателот Владимир Путин ќе одржи долгоочекуваниот говор за настаните од војната против Украина.

На Црвениот плоштад во Москва ќе се одржи воена парада со околу 11.000 војници. Ќе бидат изложени тенкови и друга воена опрема.

Осум борбени авиони на небото ќе ја формираат буквата „З“, што е официјален симбол на руската воена операција во Украина.

„З“ значи руски термин „за победа“.

Кремљ својата инвазија на Украина, која започна на 24 февруари, ја нарекува „специјална воена операција“.

Се шпекулираше дека Путин би можел да нареди општа или делумна мобилизација на војниците во понеделник, иако Кремљ тоа веќе го отфрли како „глупост“.

За разлика од минатите години, на настанот нема да присуствува ниту еден странски претседател.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ