Путин ја продолжи забраната за увоз на храна од ЕУ до 2020 година

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој се продолжува забраната за увоз на храна од Европската Унија до крајот на 2020 година.

Русија воведе ембарго врз широк спектар на увозни стоки од ЕУ и други земји во 2014 година како одговор на меѓународните санкции наметнати поради нејзината улога во украинската криза.

На руската Влада и е наложено да гарантира спроведување на мерките од тој указ и по потреба да поднесе предлог за изменување на рокот на важење на наведените контра-санкции.

Во март 2014 година во врска со ситуацијата во Украина, ЕУ и голем број земји, меѓу кои САД, Канада, Австралија, Јапонија, Швајцарија, Нов Зеланд и Исланд, почнаа да воведуваат санкции против Русија. Тие објавија списоци на руски физички и правни лица против кои беа изречени санкциите.

На 6 август 2014 година Путин потпиша указ „За спроведување на одделни специјални економски мерки со цел да се гарантира безбедноста на Руската Федерација”. Следниот ден руската Влада воведе забрана за увоз на бројни намирници од САД, ЕУ, Норвешка, Австралија и Канада.

Откако на 22 јуни 2015 година земјите од ЕУ ги продолжија санкциите против Русија, на 24 јуни Путин со указ го продолжи дејството на ембаргото за уште една година. Потоа се продолжи двапати, последен пат на 12 јули 2018 – до крајот на 2019 година.

Би можело да ве интересира

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема евакуација на населението во регионите погодени од полави во Русија