Путин информира дека во Украина се распоредени 150.000 руски резервисти

Од:

Русија распореди во Украина речиси половина од луѓето регрутирани во делумната мобилизација на резервистите, односно околу 150.000 војници, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

– Од 300.000 наши мобилизирани борци, наши луѓе, нашите бранители на татковината, 150.000 се во оперативната зона, рече Путин за време на состанок кој беше во живо пренесуван на телевизија.

Тој прецизираше дека од тој број, 77.000 резервисти биле директно распоредени во борбите. Путин призна дека конфликтот во Украина е „долг“ и во исто време ги пофали „значајните резултати“ во врска со анексијата на четири украински региони.

– Се разбира, тоа е долг процес, рече Путин на состанокот, пред да ја поздрави „појавата на нови територии“ како „значаен резултат за Русија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани