Путин и Зеленски првпат зборуваа телефонски, во фокусот украинските морнари

Од:

Украинскиот претседател Владимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин за првпат зборуваа на телефон за украинските морнари кои беа уапсени минатиот ноември во Керченскиот Проток.

“Главна тема беше ослободувањето на уапсените морнари, а исто така, разговараа и за ослободување на други Украинци во моментов затворени во Русија”, се наведува во соопштението од кабинетот на Зеленски, информира ТАСС.

Путин и Зеленски разговараа за прашањата поврзани со решавањето на конфликтот на југоистокот на Украина и заедничката работа за враќањето на затворениците од двете страни, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков додаде дека двајца функционери разговарале за можноста за постојан контакт во формат Нормандија. Овој дипломатски формат од 2014 година ги зближува претставниците на Париз, Москва, Киев и Берлин за прашањето на војната во Украина.

Според руските медиуми, рускиот претседател денеска изјави дека никогаш не ги отфрлил предложените формати, вклучувајќи го и можното продолжување на разговорите со претставниците на другите земји.

Ова е, според агенцијата ТАСС, првиот разговор на Путин и Зеленски откако дојде на функцијата претседател на Украина на 30-ти мај.

Претходно во четвртокот Путин рече дека Русија е подготвена за разговори со украинските власти во било кој формат, но дека прво треба да се очекува формирањето на Владата во Киев.

Односите меѓу Украина и Русија се многу напнати од проевропското востание во Украина во зимата 2013-2014 година, што доведе до падот и бегството во Русија на тогашниот украински претседател Виктор Јанукович.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси