Путин и Пенс се ракуваа на вечерата на Самитот на АСЕАН

Од:

Рускиот претседател Владмир Путин и американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска се ракуваа на свечената вечера за учесниците на Самитот на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија, што се одржува во Сингапур.

– Тие се ракуваа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали на маргините на форумот во Сингапур имало разговори меѓу Путин и Пенс.

Песков нагласи дека „не е толку неопходен“ разговор меѓу Путин и Пенс, имајќи предвид дека се подготвува средба на шефот на руската држава со американскиот претседател Доналд Трамп на Самитот на Г-20, што кон крајот на овој месец ќе се одржи во Аргентина.

На средбата на лидерите на членките на АСЕАН утре ќе им се приклучат и Путин, Пенс, јапонскиот премиер Шинѕо Абе и високи претставници на Кина и Јужна Кореја.

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица