Путин и Обама имаа конструктивен разговор за Сирија

Од:

Претседателот на САД Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин водеа конструктивен 35-минутен разговор на маргините на самитот на Г-20 во турскиот град Анталија, при што ја разгледуваа можноста за решавање на конфликтот во Сирија, соопшти претставник на Белата куќа.

Претседателите изјавиле дека „ужасните терористички напади во Париз“ наметнатнале решение да се бара поитно. Тие ја истакнале потребата од преговори под покровителство на ОН меѓу режимот и опозицијата, како и неопходноста од прекин на огнот.

– Претседателот Обама и претседателот Путин, постигнаа согласност за потребата од политички транзиција, кој треба да ја спроведат самите Сиријци и која ќе биде проследена од преговори меѓу режимот и опозицијата со посредство на ОН, како и прекин на огнот, соопшти претставникот.

Обама ги поздравил напорите на сите земји во борбата против „Исламска држава”, истакнувајќи дека е важно руските воени напори во Сирија да се фокусираат на една група, додаде претставникот на САД.

Надворешнополитички советник на Кремљ Јуриј Ушаков соопшти дека на средбата во Анталија претседателите на Русија и САД разговарале за Сирија и Украина, но дека доминирала темата за Сирија. САД и Русија имаат принципиелно слични стратешки цели во борбата против тероризмот, но имаат несогласувања во однос на тактиката, додаде Ушаков.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски