Путин и Меркел го оценија како позитивно одложувањето на договорот за асоцијација на Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел синоќа го оценија како позитивно одложувањето на спроведувањето на Договорот за пристапување на Украина во Европската унија до 2016 гдоина, што е договорено на неодамнешниот министерски состанок на Русија, ЕУ и Украина во Брисел, соопшти Кремљ.

Во телефонски разговор на иницијатива на Берлин, Путин и Меркел истакнале дека е потребно понатамошна заедничка работа за утврдување на деталите од договорот.

Путин и Меркел разговарале и за ситуацијата во Украина, нагласувајќи ја потребата од безусловно почитување на примирјето од сите страни во конфликтот, прекин на огнот и следење на примирјето од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“