Путин и Макрон се слушнале по телефон

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со францускиот колега Емануел Макрон во врска со прашањата на соработката во борбата против пандемијата на коронавирусот, соопшти вечерва Кремљ.

Како што се наведува, во разговорот е потврдена намерата да се развијат контакти меѓу релевантни организации од двете земји во врска со производство на вакцина и имунизација на населението.

Путин, меѓу другото, со задоцнување му го честитал роденденот на Макрон и му посакал брзо закрепнување од коронавирусот.

Двајцата лидери се осврнале и на ситуацијата во Украина, Нагорно-Карабах, Иран, Сирија и Либија.

Би можело да ве интересира

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Блумберг: Макрон е силен на зборови, но не издвојува пари за Украина

Горан Наумовски

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

Макрон: Присилното преселување на населението од Газа е воено злосторство

Обраќање на Путин: Ќе плати оној кој застана зад терористите

А1он

Путин освои над 72 отсто од гласовите во странство