Путин го потпиша законот за забрана на пушењето на јавни места

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Законот против пушењето на јавни места во земјата, кој ќе стапи во сила од јуни оваа година, соопшти денеска Кремљ.

Федералниот закон е усвоен на почетокот на овој месец, а со него во руското законодавство се интегрираат барањата на рамковната конвенција на Светската здравствена организација за борба против пушењето, која е ратификувана од Русија во 2008 година, се наведува во соопштението.

Со новиот акт се регулира „заштита на здравјето од влијанието на чадот од цигарите врз околината и од последиците со нивната употреба“.

Законот им забранува на тутунските компании да организираат лотарии и да спонзорираат манифестации. Освен тоа, кутиите со цигари повеќе нема да бидат изложени на излози и штандови, туку таму ќе се наоѓаат само ценовници на овие производи. Забраната, исто така, важи и за електронските цигари и за тутунот за жвакање.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети