Путин е поопасен од Хитлер и од Сталин вели полскиот премиер

Од:

„Владимир Путин е поопасен од Адолф Хитлер или Јосиф Сталин“, предупреди полскиот премиер, повикувајќи на искоренување на „монструозната идеологија“ на рускиот лидер.

Матеуш Моравјецки изјави за Телеграф дека арсеналот на оружје на Путин е „поубиствен“ од оној на Хитлер и Сталин.

Монструозната идеологија на режимот на Путин претставува смртоносна закана за Европа и мора целосно да се искорени“, рече Моравјецки.

Изјавите доаѓаат откако Аврил Хејнс, директор на Националната разузнавачка служба на САД, изјави пред сенатската комисија дека Путин може целосно да ја мобилизира својата земја или да воведе вонредна состојба доколку почувствува дека воената ситуација се врти против него.

Шефот на разузнавањето рече дека има индикации дека Путин сака да создаде копнен мост меѓу Москва и прорускиот отцепен регион Придњестровје во Молдавија.

Би можело да ве интересира

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски

Украина тврди дека соборила руски хелкоптер, Русите велат сам паднал