Путин е подготвен на дијалог со Западот за три теми

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска кажа дека Москва е подготвена за дијалог за „стратешката стабилност, зачувување на режимот за неширење на оружјето за масовно уништување и подобрување на ситуацијата во областа на контролата на оружјето“.

Во обраќањето на правен форум во Санкт Петербург, рускиот претседател додаде дека дијалогот ќе бара „напорна заедничка работа“ и ќе има за цел да спречи повторувањето на „тоа што денеска се случува во Донбас“.

Тој повтори дека Русија ја почнала инвазијата врз Украина за „да ги заштити етничките Руси и луѓето што зборуваат руски во источниот регион на Донбас од прогонот на Киев“ и ја обвини Украина за „злосторства против човештвото“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

Обраќање на Путин: Ќе плати оној кој застана зад терористите

А1он

Путин освои над 72 отсто од гласовите во странство

Путин: Русија мора да биде уште посилна, поцврста и поефикасна

Путин освоил огромно мнозинство на претседателските избори во Русија

Горан Наумовски