Путин до Си Џинпинг: Русија сака Кинезите да ги заменат западните компании

Од:

Русија е подготвена да им помогне на кинеските компании да ги заменат западните компании кои ја напуштија Русија поради војната во Украина, му рекол рускиот претседател Владимир Путин на кинескиот лидер Си Џинпинг на денешната средба во Кремљ.

Путин до Си: Убеден сум во нашата добра соработка

На вториот ден од посетата на Си на Москва, Путин рече дека разговарале и за предложениот гасовод „Силата на Сибир 2“ што ќе транспортира руски гас до Кина. Русија го претстави проектот пред неколку години, но тој сега е ажуриран бидејќи Русија се сврте кон Кина, која би ја заменила Европа како стратешки клиент.

„Уверен сум дека нашата сеопфатна соработка ќе се развие во корист на двете нации“, му рече Путин на Си, додавајќи дека Русија е стратешки снабдувач на Кина со нафта, гас и јаглен. Си рече дека двете земји треба да ја прошират големата практична соработка.

„Првите плодови од нашата соработка, која продолжува да се развива, се веќе видливи“, му рекол Си на Путин, според снимката на кабловска телевизија од Хонг Конг.

Испораките на гас во Европа се драстично намалени

Руски Гаспром веќе испорачува гас во Кина преку гасоводот Силата на Сибир врз основа на триесетгодишен договор вреден 400 милијарди долари од 2019 година. Гасоводот е долг околу 3.000 километри.

Но, извозот во Кина е само мал дел во споредба со рекордните 177 милијарди кубни метри гас испорачан во Европа во 2018 и 2019 година. Од избувнувањето на војната во Украина минатиот февруари, испораките во Европа се драстично намалени, на 62 милијарди во 2022 година.

Путин најави дека Русија ќе и испорача на Кина најмалку 98 милијарди кубни метри гас до 2030. Рускиот и кинескиот претседател подоцна денеска треба детално да разговараат за украинската криза, откако Путин му даде некои појаснувања на Си во првата рунда разговори.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он