Путин до Асад: Русија ќе продолжи да ја поддржува сириската Влада

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин му ја честиташе на својот сириски колега Башар ал Асад 75-годишнината од дипломатските односи меѓу двете земји.

– Москва ќе продолжи да му помага на Дамаск во заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, истакна Путин.

Тој нагласи дека Русија и Сирија денес се сојузници во борба против меѓународниот тероризам и екстремизам, изразувајќи верување дека со заеднички напори ќе ги поразат терористичките сили на сириска територија.

– Сакам да потврдам дека Русија ќе продолжи да ги поддржува сириската Влада и народ во нивните настојувања да го заштитат суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, да гарантираат безбедност и повоено обновување, потенцира рускиот претседател.

Путин додаде дека унапредувањето на руско-сириските врски е заеднички интерес и тој ќе помогне за обезбедување регионален и глобален мир и стабилност.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов