Путин: Британија најави испраќање тенкови и гранати со осиромашен ураниум, ако тоа се случи, ќе одговориме

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не гледа оти украинските власти се подготвени да најдат решение за конфликтот во Украина врз основа на мировниот план предложен од Кина, пренесуваат агенциите.

„Сметаме дека многу елементи од мировниот план предложен од Кина можат да послужат како основа за мирно решение, кога оние на Запад и во Киев се подготвени за тоа. Сепак, засега не гледаме таква подготвеност на нивна страна“, изјави Путин по разговорот со кинескиот колега Си Џинпинг, пренесе АФП.

Путин рече дека на средбата обрнале големо внимание на тој мировен план.

Двајцата лидери истакнаа дека одговорниот дијалог е најдобриот начин за решавање на украинската криза, објавија кинеските државни медиуми, пренесува Ројтерс. Руската страна ја потврди решеноста да се одржат мировни преговори што е можно поскоро. Двете страни истакнаа дека за да се реши украинската криза, мора да се почитуваат легитимните безбедносни грижи на сите земји и да се избегнат конфликти, јавуваат кинеските медиуми.

Путин рече дека Западот се бори до последниот Украинец во Украина, пренесе ТАСС. Си Џинпинг рече дека Пекинг е непристрасен кон конфликтот во Украина и го поддржува мирот и дијалогот. Кси рече дека разговорот со Путин бил отворен и пријателски.

Путин, исто така, се закани дека ќе одговори доколку Лондон и испорача на Украина гранати со осиромашен ураниум, што е реакција на изјавите на британски функционер во врска со тоа.

„Денес дознавме дека Велика Британија објави не само испраќање тенкови во Украина, туку и гранати со осиромашен ураниум. Ако тоа се случи, Русија ќе мора да одговори“, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ