Путин: Билатералните односи поважни од шпионските несогласувања

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека кога станува збор за поранешниот соработник на ЦИА и НСА, Едвард Сноуден, за Москва билатералните односи со САД се поважни од „активностите на тајните служби“.

На прашањето дали аферата Сноуден ќе фрли сенка на американско-рускиот самит планиран за септември во Москва, Путин одговори: „Мое мислење е дека билатералните односи се многу поважни од несогласувањата околу активностните на тајните служби“.

Сноуден вчера поднесе барање за привремен азил во Русија. Познатиот руски адвокат Анатолиј Кучерена, кој претходно се сретна со Сноуден, изјави дека барањето е поднесено до руските власти, односно до Сојузниот завод за миграција.

На состанокот со активистите за човекови права во петокот Сноуден изјави дека ќе поднесе барање за азил во Русија пред да пронајде начин легално да отпатува во Јужна Америка. Досега безбедно засолниште на Сноуден му понудија Венецуела, Боливија и Никарагва.

Рускиот претседател во понеделникот изјави дека Сноуден ќе ја напушти Русија „најбрзо што може“, обвинувајќи го Вашингтон дека практично го блокирал во Москва.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски