Путин: Бараме непристрасна истрага за нападот со гас во Сирија

Од:

Русија ја осудува употребата на хемиско оружје и бара целосна и непристрасна истрага за минатомесечниот напад со отровен гас врз сирискиот град Хан Шејхун, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин по состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел.

– Виновниците мора да бидат најдени и казнети. Но, тоа може да се стори дури по непристрасна истрага, истакна Путин на заедничката прес конференција во Сочи, на брегот на Црно Море, пренесоа британските медиуми.

Рускиот претседател укажа и дека решението за сириската криза може да се најде само по мирен пат и под патронат на ОН.

Би можело да ве интересира

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

Обраќање на Путин: Ќе плати оној кој застана зад терористите

А1он

Путин освои над 72 отсто од гласовите во странство

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Путин: Русија мора да биде уште посилна, поцврста и поефикасна