Путин бара Украина да не ја имплементира Спогодбата за асоцијација со ЕУ

Од:

Русија ќе го блокира пристапот на Украина до руските пазари, доколку Киев имплементира дури и дел од Спогодбата за асоцијација со Европската унија, предупреди рускиот претседател Владимир Путин.

Во писмо адресирано до украинскиот претседател Петро Порошенко, Путин се заканува дека дури и промената на националното законодавство на Украина со цел да се имплементира Спогодбата ќе доведе до итна реакција на Москва.

– Се уште сметаме дека само систематските измени во Спогодбата, кои ќе се однесуваат на целиот спектар ризици за руско-украинските економски врски и за целата руска економија, ќе овозможат да се одржи постоечката трговска и економска соработка меѓу Руската Федерација и Украина, пишува Путин во писмото, со датум од 17 септември.

Рускиот претседател не навлегува во детали во врска со евентуалните мерки, но минатата недела премиерот Дмитриј Медведев потпиша наредба за намалување на пристапот до Русија за украинаскиот извозници. Оваа мерка треба наскоро да стапи во сила.

Значителното зголемување на царините би довело до загуби од три милијарди евра годишно за економијата на Украина, која во Русија извезува претежно челик, јаглен, хемиски супстанци и житни култури.

Како отстапка пред Русија, ЕУ го одложи имплементирањето на трговскиот дел од Спогодбата до крајот на декември 2015 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство