Путин: Ако одите на недозволени протести, подгответе се за бричење во затвор

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека оние кои одат на недозволени протести треба да бидат подготвени да „дремат“ во затвор и да им бидат избричени главите при доаѓањето во таква установа.

– Ако не сте добиле дозвола за протест, а сепак протестирате, тогаш ве молам да одите на бричење во затвор, рекол Путин, додавајќи „малку да се одморите и да се опуштите таму“.

Неколку демонстранти во Русија кои присуствувале на протести кои немале дозвола веќе се осудени на казна затвор од пет години. Претставниците на опозицијата постојано повторуваат дека во Русија е многу тешко да се добие дозвола за организирање протест.

 

Со оглед на многу строгите закони во таа земја, во последно време често се случува некој демонстрант да застане сам со транспарент в рака, бидејќи тоа е единствениот облик на протест за кој не е потребна дозвола во Русија.

Би можело да ве интересира

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он