Путин: Ако ЕУ ги укине санкциите, ќе ги стопираме реципрочните мерки

Од:

Русија ќе ги укине реципрочните мерки што ги воведе кон земјите членки на Европска Унија откако ЕУ ќе ги укине санкциите за Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Таквата мерка нема да ги воодушеви нашите претприемачи од областа на земјоделството. Морам да кажам дека доколку ЕУ ги укине антируските санкции, Москва ќе мора да ги укине реципрочните мерки што ги воведе кон Европа, наведе Путин.

Тој додаде дека на странските партнери ќе им биде покомплицирано повторно да се изборат за своето место на рускиот пазар.

Претходно, Путин истакна дека Русија ќе направи се што е можно за да ги подобри односите со Франција, како и со другите земји членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Европската унија се подготвува да воведе санкции за рускто жито

Путин: Изјавата на Бајден дека сум „луд кучкин син“ е безобразна, но покажа дека бев во право

Предраг Петровиќ

ЕУ го одобри 13. пакет санкции против Русија

Горан Наумовски

Грците го прекинаа транспортот на руска нафта

Катерина Ѓуровски

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

Договорен нов пакет санкции на ЕУ за Русија