Пустош на аеродромот во Берлин

Од:

На аеродромот во Берлин денеска се откажани сите полетувања, како и голем број дојдовни летови, поради еднодневен штрајк на безбедносните службеници.

Берлинскиот аеродром Бранденбург во саботата соопшти дека летовите се откажани поради штрајкот што го свика синдикатот Верди, кој се обидува да изврши поголем притисок врз преговорите за платите, иако вчера беше објавено дека 2,5 милиони работници во германскиот јавен сектор постигнале договор за платите.

Портпаролот на аеродромот во Берлин изјави дека за денеска, 24 април, се предвидени околу 240 летови.

Ројтерс потсетува дека најголемата европска економија оваа година се соочува со најголемите штрајкови во последните децении, бидејќи синдикатите инсистираат на зголемување на платите кои, како што велат, „треба да бидат во чекор со растечките трошоци на живот“, односно инфлацијата.

Синдикатот Верди преговара со здружението за воздухопловна безбедност БДЛС, со цел да се зголемат платите за оние кои работат ноќе, викенди и празници.

Минатата недела голем број летови беа откажани или прекинати поради штрајкови на аеродромите во Дизелдорф, Хамбург, Келн-Бон и Штутгарт.

Исто така, се додава дека повремените штрајкови во изминатите месеци ја „парализираа“ Германија, бидејќи градските администрации, базените, комуналните претпријатија, градинките, аеродромите, градскиот транспорт и сервисите за одржување на автопатите наизменично престанаа да работат.

Би можело да ве интересира

Aеродромот Шарлроа во Брисел е најлошиот аеродром во светот

Горан Наумовски

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Путин фрли бомба врз Берлин

Девојка од Петровец била истепана во Аеродром

Авион итно слета на аеродромот во Белград: Патникот почина, му се слошило на летот од Германија

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он

Жена нападната на Меѓународниот аеродром во Скопје