Пушилин: Во Азовстал има уште околу илјада украински војници

Од:

Илјада украински војници со нивните команданти сè уште ја бранат својата позиција во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, изјави денеска лидерот на проруските сепаратисти по информациите објавени од Москва дека 959 бранители се предале од понеделникот.

На почетокот во челичарницата имаше „повеќе од 2.000 луѓе“, изјави лидерот на самопрогласената Доњецка република Денис Пушилин на средба со новинари во Мариупол организирана од руското Министерство за одбрана.

По предавањето, кое почна во понеделникот, останаа „малку повеќе од половина“, додаде тој, што значи околу илјада. „Командантите и високите офицери на баталјонот Азов сè уште не излегле“, рече лидерот на сепаратистите.

Руското Министерство за одбрана денеска претпладне соопшти дека „во последните 24 часа се заробени 694 ветерани, меѓу кои 80 ранети“, додаде тој. Истиот извор наведува дека 51 биле примени во болницата во Новоазовск, која е под контрола на Русите и нивните сепаратистички сојузници.

Министерството не соопшти ништо за судбината на затворениците, а руските власти во повеќе наврати изјавија дека некои од нив не ги сметаат за војници, туку за неонацистички борци. Украинските власти, од друга страна, сакаат размена на воени заробеници.

Пушилин рече дека „сите што се здрави се во притвор во колонијата Еленовскаја“.

– Судбината на воените злосторници и националистите, доколку го положат оружјето, ќе ја реши судот, додаде тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 13-годишно момче

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ