Пушилин ги негираше извештаите за колера во Мариупол

Од:

Во Мариупол нема епидемија на колера, епидемиолошката состојба е под контрола, а паниката се шири од украински извори, изјави денеска претседателот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) Денис Пушилин.

– Тоа би го нарекол ширење на паника од украински извори. Ситуацијата е под контрола. Телата на загинатите за време на војната беа погребани според процедурите спроведени по судско-медицинскиот преглед, посочи Пушилин.

– Нема толку многу тела на загинати кои сè уште се под урнатините за да се зборува за епидемија, изјави Пушилин за руски и странски новинари.

Според него, сега р аботат групи во кои има форензичари и вработени во обвинителството и службите за поддршка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ