Пукано во деца кои си играле криенка: Уапсен маж кој повреди девојче

Од:

Официјални лица во Луизијана обвинија 58-годишен маж дека пукал во група малолетници кои си играле криенка, повредувајќи 14-годишно девојче.

Инцидентот се случи во градот Старкс, Луизијана, во близина на државната граница на Тексас, објави Си-Ен-Ен.

Полицијата соопшти дека група малолетници „играле криенка во соседството и се криеле на имотот на соседот“ кога Дејвид В. Дојл пукаше од своето оружје.

Дојл им рече на инспекторите дека „ги гледал сенките надвор од својата куќа, а потоа влегол внатре и го зел оружјето“.

Потоа, како што изјави, се врати надвор и гледал како луѓе бегаат од неговиот имот, а потоа почнал да пука во нив, соопшти полицијата.

14-годишно девојче е застрелано во задниот дел од главата и е пренесено во болница со „повреди кои не се опасни по живот“, соопштија од полицијата.

Дојл е обвинет за тежок напад со огнено оружје и незаконско пуштање огнено оружје.

Би можело да ве интересира

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја