Пукање пред трговскиот центар во Бразил, загина малолетно девојче

Од:

Девојка (17) е убиена во пукање во близина на трговски центар во бразилскиот град Баретос.

– Девојчето почина по поразот од Бразил во четвртфиналето на Светското првенство – соопшти полицијата.

На престрелката и претходела масовна пресметка пред трговскиот центар која започнала во близок ресторан.

По извесно време неколку учесници во конфликтот пристигнале со автомобил пред трговскиот центар и пукале кон луѓето кои стоеле на улицата.

Вооружените напаѓачи побегнале од местото и потрагата по нив е во тек, пишува РИА Новости.

Од здобиените повреди починала 17-годишна девојка, а нејзината другарка е во тешка состојба и е на лекување во болница.

Репрезентацијата на Бразил вчера беше елиминирана од Светското првенство во Катар од Хрватска по изведување на пеналите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца студенти повредени во пукање во Тексас

Ранети двајца браќа во пукотница на наплатна станица „Желино“

Најмалку петмина ранети во оружен инцидент во Лос Анџелес

Бројот на загинати во Бразил поради обилните дождови се искачи на 48

Невидени дождови во Бразил, десетици мртви

Ана Ололовска

Бразил: 36 загинати во поплави и лизгање на земјиштето