ПССЕ, ОБСЕ и НАТО: Важно е националните парламенти да функционираат и во состојба на криза

Од:

Парламентите имаат суштинска улога како чувари на демократските вредности, процеси и основни слободи и помагаат во јакнењето на довербата на јавноста, се наведува во денешното соопштение потпишано од претседателите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Парламентарното собрание на Северноатлантската алијанса (ПС на НАТО) и Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС на ОБСЕ).

Поради тоа е важно парламентите и натаму да функционираат за време на кризата, да носат пакети економска помош и итни мерки поврзани со јавното здравје и истовремено да се обидат да обезбедат демократска контрола и ефикасна проверка и рамнотежа, каде и да е тоа можно, се вели во соопштението.

„Работејќи заедно и преку релевантни мултилатерални организации, нашите влади, парламенти и централни банки можат да помогнат во намалување на долгорочното влијание на кризата, посебно на разнливите и маргинализираните групи“, се посочува во соопштението и се додава дека е потребна блиска координација со парламентите на национално и меѓународно ниво, за да се промовираат демократски, ефикасни и кохерентни одговори на јавните политики и решавање на проблемите на граѓаните.

Во заедничката изјава се вели дека овие организации, заедно, опфаќаат 57 земји од Северна Америка, Европа и Централна Азија и население од над една милијарда граѓани.

Тие наведуваат дека се сериозно загрижени поради глобалното ширење на пандемијата на Ковид-19, нејзината закана по здравјето на луѓето, безбедноста и благосостојбата и нејзините погубни ефекти врз нормалното функционирање на општествата, демократиите и основните права и слободи, како и светската економија.

Оваа глобална криза бара глобален одговор, се вели во заедничкото соопштение, посочувајќи дека нивните мисли, пред сè, се со семејства кои изгубиле блиски и многу други, чиј живот многу се променил поради пандемијата и се искажува искрена благодарност за сите медицински работници, научници и истражувачи, како и безбедносен и воен персонал, кои неуморно работат на првата линија на фронтот со Ковид-19 за да не чуваат безбедни.

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој вели: Не сум бил одбиен, ниту сум го повлекол барањето

Александар Тодески

НАТО: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина и да ја зајакнуваме одбраната, Русија е најголемата закана

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО