Псаки: Меѓународната истрага за потеклото на коронавирусот во Кина мора да биде јасна и темелна

Од:

Меѓународната истрага за потеклото на коронавирусот во Кина мора да биде „јасна и темелна“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

– Неопходно е да се дојде до суштината на прашањето за појавата на пандемијата на коронавирусот во Кина, рече портпаролката пред почетокот на теренската истрага од страна на експертите на Светската здравствена организација (СЗО).

Според неа, Вашингтон ќе ја процени веродостојноста на извештајот за истрагата кога ќе биде завршен и ќе користи „информации што биле собрани и анализирани од американските разузнавачки служби“ на таа тема.

Тим од десет меѓународни научници на СЗО пристигна во кинескиот град Вухан во средината на јануари.

По периодот на карантин, научниците ќе започнат истрага за потеклото на вирусот, кој првпат се појави во Вухан.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски