Првите туристи ќе ја посетат Меѓународната вселенска станица во 2023 година

Од:

Двајца вселенски туристи ќе заминат кон Меѓународната вселенска станица во 2023 година, откако е потпишан договор помеѓу RSC Energia (Русија) и Space Adventures Inc. (САД), се наведува во соопштението од руската компанија.

„RSC Energia и Space Adventures Inc. имаат потпишано договор за спроведување краткорочна експедиција на двајца учесници во вселенски летала во рамките на „Сојуз MС“ во 2023 година до рускиот сегмент на Меѓународната вселенска станица, се наведува во соопштението.

Според договорот, еден од вселенските туристи ќе замине на патувањето во придружба на  професионален астронаут.

„Се предвидува за време на експедицијата, еден од учесниците во вселенскиот лет, заедно со професионален руски астронаут, да излезе во вселената од рускиот сегмент на Меѓународната вселенска станица, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ