Прва жртва на мистериозен корона вирус во Кина

Од:

Маж на 61-годишна возраст од кинескиот град Вухан починал од пневмонија, откако во градот се појавил вирус што допрва треба да се идентификува, а седум лица се наоѓаат во критична состојба, дознаваат кинеските медиумите од болнички извори.

Лекарите досега успеале да го дијагностоцираат вирусот кај 41 лице, а првите лабораториски тестови упатуваат за нов тип корона вирус, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на Министерствто за здравство на Вухан.

Двајца пациенти биле отпуштени од болница, а остантите биле во стабилна состојба, додека за 739 лица кои биле во блиски контакти со пациентите утврдено е дека немаат вирус.

Првата жртва на вирусот, што се појави во декември, бил редовен купувач на рибниот пазар во градот и кај него и претходно биле дијагностицирани абдоминални тумори и хронична болест на црниот дроб, соопшти лекарски извори. Со лекувањето не му се поправила клиничката слика и тој починал пред два дена, откако престанало да му работи срцето .

Заради вирусот расте и загриженоста за патувањата што Кинезите треба да ги имаат околу кинеските новогодишни празници што почнуваат кон крајот на јануари.

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски