Прва жена на чело на Интерпол

Од:

Французинката Миреј Балестрази е избрана во Рим за претседател на Интерпол. Таа е прва жена, која е избрана да биде на чело на меѓународната организација за полициска соработка.

Балестрази (58) досега била заменик-претседател за Европа на извршниот комитет на Интерпол. Таа е полициски комесар од 1975 година и една од првите жени во Франција, која била на високи функции во системот на полицијата.

Вторпат Французин е претседател на Интерпол, каде најважната функција ја има генералниот секретар.

Генерален секретар на Интерпол е Американецот Роналд Ноубел, кој на таа функција е трет мандат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Франција уништи неколку куќи

Крвава освета на студент во Париз: Чекаше една година, па потоа го уби професорот

ВИДЕО: Снимен моментот на големиот одрон во Франција, огромен облак го прекри мостот

Катерина Ѓуровски

Франција издвојува 200 милиони евра за уништување на вино

(ВИДЕО) Голем пожар на југот на Франција, луѓето панично бегаат, евакуација на кампови

Најмалку 11 лица загинаа во пожар во одморалиште во Франција