Прва проекција на новиот состав на Европскиот парламент

Од:

Според првите проекции на новиот состав на Европскиот парламент, најсилни партии и натаму ќе бидат Европската народна партија, социјалдемократите и Сојузот на либерали и демократи за Европа, во која би требало да се приклучат и членовите на Република во движење на францускиот претседател Емануел Макрон.

Првите резултати од изборите во земјите-членки на ЕУ, ја донесоа првата проекција за можниот состав на новиот Европски парламент.

Според прелиминарните резултати добиени од 11 земји-членки и предизборни најави од 17 држави-членки, 751 место во Европскиот парламент можат да се поделат на следниов начин:

Европската народна партија ќе има 173 места, социјалдемократите 147, Алијанса на либералите и демократите плус Република во Движење 102, Зелените 71, конзервативците и реформистите 58, Европа на нациите и слобода 57, Европа на слобода и директна демократија (Движење 5 ѕвезди плус партија за Брегзит) 56, Европската обединета левица /Нордиска зелена левица 42.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска