Прва годишнина од разурнувачката експлозија во пристаништето во Бејрут, семејствата на загинатите бараат правда

Од:

Либан денеска ја одбележува првата годишнина од разурнувачката експлозија во пристаништето во Бејрут, а семејствата на жртвите продолжуваат да бараат правда и одговорност.

Либан за денеска прогласи национален Ден на жалост во знак на сеќавање на првата годишнина од катастрофата, во која загинаа повеќе од 190 лица, беа повредени околу 6.000, а раселени уште 300.000 лица.

Продавниците, банките и деловните објекти денеска ќе бидат затворени, а владините згради ќе ги спуштат знамињата на половина копје.

Семејствата на жртвите планираат да маршираат до пристаништето, а мисата што таму ќе се оддржи треба да почне точно во време на експлозијата, во 18:07 часот по локално време.

Семејствата се заканија дека од понеделник ќе ги зголемат протестите, бидејќи истрагата за причините за експлозијата бавно напредува. Тие, исто така, го повикуваат парламентот да го укине имунитетот на пратениците и либанските безбедносни службеници кои ги обвинуваат за негрижа.

Една година по катастрофалната експлозија, се уште не е разјаснето кој доставил и неправилно складирал големо количество амониум нитрат во магацин во пристаништето во Бејрут.

– Вистината ќе излезе на виделина и секој виновник ќе ја добие својата казна, кажа либанскиот претседател Мишел Аун во телевизиско обраќање доцна синоќа.

Хјуман рајтс воч (ХРВ) вчера соопшти дека домашната истрага за експлозијата не ги исполнува меѓународните стандарди. Од тие причини ХРВ го повика Советот за човекови права на ОН да усвои резолуција за основање меѓународна и независна истражна мисија за масовната експлозија во Бејрут.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Заменик-лидерот на Хамас загина во експлозија во Бејрут

Горан Наумовски

Во Бејрут залутани куршуми испукани за време на новогодишната прослава погодија два авиони

ВИДЕО: Разгневен Либанец држи во банка заложници и бара исплата на 200.000 долари на неговата сметка

А1он

Папата Франциск на годишнината од експлозијата во Либан се помоли за семејствата на жртвите

А1он

Успехот на опозицијата го загрозува мнозинството на Хезболах во либанскиот Парламент

А1он

Пукотници и експлозии во Бејрут, двајца загинати и седуммина повредени