Прв смртен случај од електронски цигари во Илиноис

Од:

Пациент починал откако кај него се појавила сериозна респираторна болест како резултат на пушење е-цигари, и тоа е прв таков смртен случај во САД, тврдат американски здравствени власти.

Американскиот центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ) објави дека во 22 држава се пријавени 193 случаи на мистериозно сериозно заболување на белите дробови, кои лекарите го поврзале со употреба на електронски цигари.

Заболените се претежно тинејџери и млади полнолетни лица.

Лицето кое починало „било хоспитализирано со симптоми на необјаснето заболување што може да биде резултат на употреба на е-цигари“, рече д-р. Џенифер Лејден, главен епидемиолог во државата Илиноис.

Случаите се пријавени од 28 јуни до 20 август.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја