Прв разговор на генералите Мили и Герасимов од почетокот на руската инвазија врз Украина

Од:

Шефот на началниците на штабовите на американската војска, американскиот генерал Марк Мили денеска разговараше со својот руски колега, началникот на рускиот Генералштаб, генерал Валериј Герасимов, првпат од почетокот на руската инвазија на Украина, потврдија денеска од американската армија.

-Воените лидери разговараа за неколку прашања поврзани со безбедноста и се согласија линиите за комуникација да останат отворени, кажа портпаролот на Мили.

„Во согласност со досегашната пракса, деталите од нивниот разговор ќе бидат приватни“, додаде портпаролот.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин минатата недела разговараше со својот руски колега Сергеј Шојгу, што исто така беше првпат откако Русија на 24 февруари ја почна инвазијата врз Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски