Прв круг пaрламентарни избори во Литванија, 2,4 милиони гласачи ќе изберат 141 пратеник

Од:

Во Литванија денеска се одржува првиот круг од парламентарните избори на кои 2,4 милиони гласачи ќе изберат 141 пратеник.

Предизборните анкети покажуваат дека владејачката коалиција составена од Синдикатот на земјоделците и Зелените има мала предност пред опозициката конзервативна Национална унија – христијански дрмократи, Социјадемократите, популистичките Лабуристичка партија и Либерално движење на десниот центар.

Владејачката коалиција е критикувана поради неодамнешниот пораст на бројот на заболени луѓе со Ковид-19 и се поголемата невработеност предизвикана од пандемијата.

Се очекува пет или шест партии да го поминат цензусот од пет отсто за влез во Парламентот, но најверојатно ниту една нема да добие повеќе од 20 проценти поддршка, па се очекуваат тешки преговори за формирање на нова владејачка коалиција.

Вториот круг од парламентарните избори е закажан на 25 октомври во изборните единици каде ниту еден кандидат не добил мнозинство.

Би можело да ве интересира

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Литванија затвори два гранични премини со Белорусија поради Вагнер

(ВИДЕО) НАТО самит на 150 километри од Русија: Вилнус претворен во воена тврдина

Катерина Ѓуровски

Литванија им забранува на Русите и на Белорусите да поседуваат оружје

Ана Ололовска

Литванија: Испратете системи за воздушна одбрана на НАТО

А1он

Литванија ќе биде подготвена да прими германска воена бригада до 2026 година

А1он