Пртиворена пекарка од Париз која одбила да услужи полицаец при протестите на „жолтите елеци“

Од:

Француската полиција денеска приведе вработена во париска пекарница, која одбила да услужи полицаец на 2 февруари за време на протестите на „жолтите елеци”, јави дописникот на МИА.

Како што пренесоа повеќе француски медиуми, 32-годишната пекарка е притворена поради „одбивање на продажба и навреда на лице кое има јавни овластувања“.

Обвиненијата се базираат на кусо видео кое стана интернет хит по поставувањето на социјалните мрежи.

На снимката се гледа полицаецот во цивилна облика, на кој не му биле дозволено да влезе во пекарницата, при што дијалогот се фокусира на неговото оружје.

„Дали гледате оружје?“, прашува полицаецот.

„Не знам, јас само ве предупредувам, нема влегување со оружје во…“, одговара вработената.

„Добро, добро, значи можеме да поминеме“, возвраќа полицаецот.

„Ако немате оружје е добро,“ одговара пекарката.

„Добро претпоставувам дека ќе одам на друго место, а излозите ви се полни“, вели на крајот полицискиот службеник пред да замине.

Би можело да ве интересира

На протестот на Жолтите елеци во Париз уапсени 59 луѓе

Макрон: Кризата со „жолтите елеци“ ме наведе да го променам ставот кон граѓаните

ВИДЕО: Нови демонстрации на жолтите елеци – осумнаесет лица се уапсени

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Нови демонстрации на жолтите елеци во Франција

Татјана Ташкова

Судски постапки против француски полицајци поради употреба на прекумерна сила против „жолтите елеци“

ВИДЕО: Жолтите елеци се судрија со полицијата во Брисел

Татјана Ташкова