Противници на Орбан испишаа свои пораки на плакатите против Јункер

Од:

Стотици постери во рамки на кампањата на унгарската Влада против претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и милијардерот Џорџ Сорос беа преправени од група политички противници на премиерот Виктор Орбан и на нив испишаа свои пораки.

– Пристапивме на првата фаза од нашата кампања за утврдување на вистината, па нашите активисти со налепки ги прекрија лагите на постоечките постери”, рече Марија Геренсер, портпарол на опозициското движење „Моментум“.

Плакатите на кои подбивно се смее Јункер и американскиот милијардер со унгарско потекло Сорос ги постави унгарската Влада, тврдејќи дека тие се „промигрантски табор“ и се дел од некое сценарио кое ЕУ и го подготвува на Унгарија. На нив пишува „Имате право да знаете што ви подготвува Брисел“.

Активистите од Моментум ставија свои налепки, на кои меѓу другото пишува: „Унгарците имаат право да знаат дека во училиштата недостасуваат најмалку 4.000 професори“, „..недостасуваат најмалку 400 лекари“, и дека „Виктор Орбан е најбогатиот човек во Унгарија“.

„Мислиме дека најголема опасност за Унгарците не се ни ЕУ ни Сорос, туку корупцијата, малите плати, недостигот на работници и иселувањето“, објави Моментум на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Орбан: Барателите на азил во ЕУ да останат надвор додека не се донесе одлука

Орбан доби неочекуван сојузник, заедно се спротивставија на клучниот пакт на ЕУ

Илјадници луѓе протестираа во Будимпешта поради снимката од поткупот на соработникот на Орбан

Орбан: Можно е за брзо време западните трупи да бидат во Украина

Орбан: Ние во Унгарија се обложивме на враќање на претседателот Трамп

Орбан: Бев принуден да гласам за помош на ЕУ за Украина