„Против кинеската морнарица, ќе победиме ако се бориме во коалиција“, вели француски адмирал

Од:

Началникот на генералштабот на француската морнарица во неодамнешното сослушување пред Комисијата разговараше за одбрана на Националното собрание, меѓу другото се осврна и за можната конфронтација со Кина, нагласувајќи дека „против кинеската морнарица, ќе победиме ако се бориме заедно“, јави дописникот на МИА.

dobivaj vesti na viber

„Против кинеската морнарица, ќе победиме ако се бориме заедно, во коалиција“, рече адмиралот Вандиер за време на сослушувањето на 27 јули, чиј транскрипт беше објавен на 11 август од страна на веб-страницата Националното собрание.

Веќе во 2020 година, началникот на генералштабот на француската морнарица беше загрижен за „многу наметливото, многу освојувачко однесување на Кина во однос на територијалните води“. И пред Националното собрание во 2021 година, тој предупреди на „повторното вооружување на морето особено за Кина“.

Пред Комисијата за национална одбрана и вооружени сили, адмиралот овој пат предупреди на значителното засилување на кинеските поморски сили во последните години. „Изминатите две години ги поминав насекаде објаснувајќи дека сме сведоци на движење на поморско вооружување без преседан од Втората светска војна. Во 2030 година, тонажата на кинеската морнарица ќе биде 2,5 пати поголема од онаа на американската морнарица“, инсистираше адмиралот Пјер Вандие, чии забелешки ги објави набљудувачот OpexNews, специјализиран за одбранбени прашања.

Во текот на својот говор, адмиралот Вандие ги впиша своите забелешки во француската доктрина за „победа во војната пред војната“ донесена од актуелниот началник на Генералштабот на вооружените сили генерал Буркхард. Потсетувајќи се на развојот на воената моќ на нациите како Кина, адмиралот Вандие – исто како и генералшабот на француската армија , особено се заложи за зголемување на финансиските ресурси на француските армии во перспективата на следниот Закон за воено програмирање.

„Во моментов Кинезите градат флота од пет мразокршачи за да си дозволат можност да ги префрлат своите сили од Пацификот на Атлантикот, со пријателството на Русите“, посочуваат и од генералштабот на француската морнарица. „Мојот норвешки колега, со кого се сретнав во март, не ми зборуваше за руската северна флота, со седиште во Мурманск, туку за претстојното пристигнување на кинеската морнарица во Атлантскиот Океан. Наскоро, нема да биде неопходно да се оди во Кинеското Море за да се најдат кинески воени сили“. Адмиралот Вандие на тој начин се заложи следниот Закон за воено програмирање да ја земе предвид можноста за глобална конфронтација, се разбира со Кина.

Сосема ретко се случува француски висок офицер толку отворено да евоцира таква перспектива. „Ова е прилично неочекувана изјава која очигледно нема да и се допадне на кинеската амбасада во Франција“, коментира на Твитер истражувачот од Фондацијата за стратешки истражувања и специјалист за Кина, Антоан Бондаз. „Но, во основа, поставеното прашање е вистинското. Не се само САД кои имаат улога во одржувањето на статус квото во Индо-Пацификот“, вели истражувачот.

Началникот на штабот на француската морнарица повика да се направат напори во две области, за идниот план за воена програмација. „Стврднување на тренинзите со спроведување на понапорни и посложени вежби“, како на пример вежбата Поларис 21, и „соработка со нашите сојузници“. „Системите мора да разговараат меѓу себе и оружјето треба да биде компатибилно. Мора да ги подготвиме капацитетите и да бидеме способни да се бориме заедно. Против кинеската морнарица, ќе победиме ако се бориме заедно, во коалиција“.

„И покрај сè што е направено морнарицата ќе продолжи да ја намалува нејзината големина во следните две години. Од 1945 година, морнарицата никогаш не била толку мала како денес“, се жали поранешниот командант на носачот на авиони Шарл де Гол.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Предупредување од Кина: Можна е нуклеарна војна, Европа ќе се тресе

Катерина Павлова-Николовска

Русија го обнови главниот гасовод кон Кина

А1он

ВИДЕО: Драматично спасување на момче кое виси од балкон на седми кат во Кина

А1он

ВИДЕО: 17 лица загинаа во пожар во кинески ресторан

А1он

Претседателот на Кина во јавност по неколкудневно отсуство

Ана Ололовска

Руски и кинески бродови забележани во близина на Алјаска